Македонија
Родилка од Делчево почина на скопските клиники
27.12.2023 17:18
Според првичните информации, на родилката и пукнала слезината. Мајката и новороденчето веднаш биле транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје.

26-годишна родилка од Делчево починала на скопските клиники. Жената прво била донесена во болницата во Штип, каде што било извршено породувањето, но настапило масивно крвавење.
Според првичните информации, на родилката и пукнала слезината. Мајката и новороденчето веднаш биле транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје.
Жената починала на КАРИЛ, новороденчето е на Детската клиника и приклучено на механичка вентилација. Повеќе информации за случајот се најавени за утре.
