„Година на есејот“ во Струга
Градот се обидува да го доведе и есејот, како малку подзапоставена литературна творба. Иако за есеј се смета секој напишан прозен текст, тој е специфичен по изразот и по темите...

Поетска Струга одамна и ги отвори вратите на поезијата и ги прими поетите од целиот свет кои на Мостот на поезијата ги изговараат своите најдобри стихови. Сега градот се обидува да го доведе и есејот, како малку подзапоставена литературна творба. Иако за есеј се смета секој напишан прозен текст, тој е специфичен по изразот и по темите.
„Есејот е запоставена форма во литературата и ние намерно се одредивме, во Европа има во Данска, Германија и Струга да има есеј. Тоа е тешка форма за пишување не е едноставна имаме тема која годинава гласи ‘Есејот: пријателство без граници’. Сите учесници, пистаели и теоретичари ќе расправаат на таа тема“, вели Разме Кумбароски од Медитеранскта академија.
Деновиве на струшките литерати им гостуваше добитничката на наградата на Медитеранската академија, Хелена Сабљиќ- Томиќ, која Струга ја доживува како центар на поезијата и воопшто на литературата на Балканот.
„Посебно ми е чест и задоволство што токму од просторот на родниот град на Јосипи Јурај Штросмаер кој знаеме колку направил за печатењето на „Зборникот“ на Браќата Миладиновци. Пред мене оваа награда ја добиле и руски, украински, бугарски, српски и македонски писатели значи гледаме колку е отворен простор и колку овие денови на есејот ја негуваат таа културна различност која може да се обедини околу поезијата“, рече хрватската поетеса, есеист и критичар Хеелена Саблиќ Томиќ.
Настанот во Струга, наречен Медитеранска академија, сите присутни писатели го сметаат како празник на културата.
„Денес тука ќе има разговори за литературата посебно за делото на г- ѓа Саблиќ, како и за Браќата Миладиновци како и за Штросмаер, како и за сите работи кои се поврзани со зачетоците на македонската писменост, култура но и за „Зборникот“ кој е навистина фундаментален за македонската книжевност“, потенцира Радомир Андриќ - претседател на Здружението на пистелите на Србија.
Годинашната осма Медитеранска академија се одржува во знак на одбележувањето на 153 гоидшнината од излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци.
Јованачо Наумоски
