Македонија
Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајка на патот Неготино- Кавадарци
27.12.2023 18:52
СВР Велес ја потврдија сообраќајката и рекоа дека се случила кај селото Марена.

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката што попладнево се случи на патот Неготино – Кавадарци, потврдија од неготинскиот Здравствен дом.
Оттаму појаснија дека едно лице починало на лице место, а друго се здобило со повреди и е на иследување во кавадаречката болница.
Претходно од СВР Велес ја потврдија сообраќајката и рекоа дека се случила кај селото Марена.
