Македонија

Обвинителството нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката кај Марена

27.12.2023 20:05

Преземени се сите мерки за испитување на околностите под кои дошло до несреќата...

Јавното обвинителство нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката кај Марена, во која учествуваа три патнички моторни возила.

МИА пренесува дека бил извршен увид на лице место на патот Неготино – Кавадарци. Еден возач починал, друг бил повреден. Две лица биле неповредени во третото возило.

Преземени се сите мерки за испитување на околностите под кои дошло до несреќата. Издадени се сите потребни наредби, меѓу што и обдукција на починатото лице. Се работи на утврдување на причините за несреќата, додадоа од Обвинителството.