Временска прогноза
Сончево и релативно топло време
28.12.2023 08:02
Претпладне по одделни котлини со појава на магла која во текот на денот ќе се намалува...

Сончево, претежно тивко и релативно топло време. Претпладне по одделни котлини со појава на магла која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе движи од -4 до 4 степени над нулата, додека пак максималната температура ќе достигне 17 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла. Преку денот сончево и тивко.
