Македонија

79 години Македонска радио - телевизија

28.12.2023 08:39

На денешен ден во 1944 година во етерот за првпат во историјата се слушна првиот македонски збор во слободна Македонија...

Денеска одбележуваме 79 години Македонско радио и 59 години Македонска телевизија. На 28-ми декември во 1944 година, веднаш по ослободувањето, на куси бранови од 50 метри, официјално се емитуваше првиот македонски збор. Создавањето на првата радиостаница му била доделена на истакнатиот македонски писател Владо Малевски. Денес Македонското радио има четири програмски сервиси и сателитска програма која зрачи на средни бранови, а тоа значи 24 часовна едукативна, забавна и информативна програма.

Македонската телевизија, пак, денес емитува програма на 7 канали на 7 јазици. Јавниот радиодифузен сервис создава програма што го негува, поттикнува и развива секој облик на домашното аудио-визуелно творештво. Македонската телевизија пак во новата година влегува со нови судија и најнова технологија.

Со визуализација по стандардите на европските и светски јавни сервиси, со виртуелна реалност што ќе овозможи на гледачите на прецизен и точен начин да им се презентираат домашните и светските текови.