Србија

Изборен молк во Србија

28.12.2023 10:45

Изборен молк во Србија, во пресрет на повторени избори на повеќе од 30 избирачки места.

Изборен молк во Србија, во пресрет на повторени избори на повеќе од 30 избирачки места. Право на глас на повторените парламентарни избори имаат 15 илјади 566 граѓани. Истиот ден ќе се повтори гласањето на три избирачки места во Белград, на локалните избори за градското Собрание.

По изборите на 17-ти декември, Србија се соочува со масовни протести на опозицијата која обвинува за нерегуларности и фантомски гласачи.