Турција
Најмалку 11 загинати, над 50 повредени во сообраќајна несреќа во Турција
28.12.2023 11:40
Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во верижен судар во северозападна Турција...

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во верижен судар во северозападна Турција.
Во несреќата учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во провинцијата Сакарија. Причината за несреќата сè уште не е утврдена.
Според извештаите, областа е покриена со густа магла и намалена е видливоста.
