Македонија

Отворено писмо до државите членки на ЕУ, САД и пошироката светска јавност, од група интелектуалци

28.12.2023 12:10

Група интелектуалци со отворено писмо до државите членки на ЕУ, САД и пошироката светска јавност, во однос на „македонското прашање“ кое како што велат и во 21-от век сè уште е актуелно...

Група интелектуалци со отворено писмо до државите членки на ЕУ, САД и пошироката светска јавност, во однос на „македонското прашање“ кое како што велат и во 21-от век сè уште е актуелно.

Доказ за тоа е утврдената преговарачка рамка за Македонија. Како членка на Унијата и широко поддржана од Брисел, Бугарија бескрупулозно ги блокираше македонските заложби за членство.

Бугарија не нè признава како држава ниту пак националната посебност на Македонците, коишто се третираат како „Бугари“. Ваквите документи се во сила и се недостојни за членка на ЕУ, наведуваат во отвореното писмо, група интелектуалци.

Очекуваат ЕУ и САД да реагираат во духот на копенхашките критериуми и повелбата на Обединетите нации, за почитување на човековите и малцинските права на македонското национално малцинство во Бугарија и Грција.