Воз смачка Југо кај Драчево
06.06.2014 13:14
По судирот, повредените биле пренесени во Ургентниот центар каде им била укажана лекарска помош...

Изутринава околу 6 часот на патниот премин меѓу населбите Драчево и Јане Сандански, воз удрил во „Југо“ со скопски регистарски таблички.
Од ударот со полесни телесни повреди се здобиле двајца браќа на возраст од 23 и од 28 години, кои најверојатно во тој момент сакале да ја преминат пругата кога возот удрил во нивниот автомобил.
По судирот, повредените биле пренесени во Ургентниот центар каде им била укажана лекарска помош.
Повредите со кои се здобиле не се од сериозен карактер.
