По вчерашното убиство во тетовски Челопек, пронајдено оружје, се чека извештај од Обвинителството
Двајца од убиените во вчерашниот инцидент во тетовски Челопек се татко и син на возраст од 52 и 28 години, додека повредениот е 54 годишник, сите роднини на осомничениот убиец...

Од полицијата информираат дека пронајдени се три пиштоли на местото. Осомничениот за убиството 59 годишник од село Челопек исто се здобил со повреди и се наоѓа во Клиничката болница Тетово.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.
„Еден пиштол е одземен од приведениот, а останатите два биле пронајдени во непосредна близина на починатите Ф.Џ. и М.Џ. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле дадени на обдукција“, соопштија од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Од Јавното обвинителство Тетово велат дека се земени искази на неколку сведоци мештани на селото, а изјава ќе треба да даде и повредениот 54 годишник, кој сè уште е во болница на лекување.
Ана Јосифоска Тодоровска
