Украина

Војната продолжува, пристигнаа „Леопарди“ од Данска

28.12.2023 13:00

Украинската војска се соочува со хроничен недостиг на муниција. Вашингтон го одобри последниот пакет воена помош за Киев од 250 милиони долари, но тоа може и да биде и последен, американските интереси се насочени спрема Израел. Копенхаген на Киев му испрати 10-на тенкови „Леопард“, германско производство, дел од планираните стотина. Војната во Украина се повеќе е во надлежноста на Брисел...

Дански предбожикен подарок за Украина. Доставени се 10 тенкови од најновата германска воена технологија „Леопард“, вкупно се планирани стотина, дел од данските седум милијарди евра помош. Инструкторите ги тренираа украинските посади во текот на изминатава година.

„Овој тенк сè уште не бил во битка, но е подготвен“, вели Олександр, командир на тенк.

„Тенкот има предности, со него може да се стрела и ноќе“, изјави Николај Тарањенко, командир на ескадрон.

Киев тврди дека неговата војска настапува во близината на стратегискиот Бахмут, еден од копнените влезови во Донбас. Очигледно е дека војската копа ровови, што е спротивно на плановите за офанзива.

„Продолжуваат да ги напаѓаат нашите позиции. Тешко и е на нашата пешадија. Во калта мораме да носиме муниција три километри. Руските сили стрелаат и дење и ноќе, и покрај времето, напаѓаат. Полињата се покриени со нивните трупови“, рече Серхиј, украински војник.

На Украина и недостига и хуманитарна помош. Во Обединетите нации велат дека војната не запира поради божиќниот ден.

„Не е важна само материјалната поддршка, туку и етичката, да знаат дека сме тука. Ги обезбедуваме колку што можеме со медицински и психолошките услуги жртвите на конфликтот, меѓу нив и на оние поради сексуалното насилство“, Денис Браун, хуманитарен координатор за Украина.

Вашингтон годинава ќе помогне со последните 250 милиони долари за Украина, војната во Израел и Персискиот залив, поради нафтата, е далеку поважен американски интерес.

На речиси половина од украинското население, околу 20 милиони им е неопходна хуманитарна помош.

 

Зоран Богатинов