Образование

Откажаа рецензентите за учебникот по историја

28.12.2023 13:26

Министерството за образование промовираше дигитални учебници во услови кога сè уште учениците од шесто одделение немаат печатен по историја. Министерот тврди никој не сака да биде рецензент на оваа книга...

Никој не сака да биде рецензент на новиот учебник за шесто одделение по Историја и Општество. Се откажаа дел од пријавените на последниот повик на Министерството за образование. Ова е четврти пат како ресорот неуспева да најде рецензенти, за учебникот конечно да биде испечатен, а потоа и доставен до училиштата. Единствениот излез од оваа состојба, министерот Шаќири ја гледа во измена на законот за учебници.

Додека основците сè уште учат од скрипти по овој предмет, дел од училиштата немаат таблети и компјутери, Министерството за образование ги промовираше дигиталните интерактивни учебници за четврто, петто и шесто одделение. Оваа новина, според Шаќири ќе биде дополнително помагало во образовниот процес.

Новите дигитални учебници ќе бидат пуштени во употреба во второто полугодие. Новата година за шестоодделенците сепак ќе почне без учебникот по Историја и Општество.

 

Викторија Милевска