Неуспешен грабеж на пошта во Маџари
06.06.2014 13:18
Полицијата денеска информира дека ноќеска околу 4 часот и 30 минути е забележано возило марка „фиат фиорино пикап“ со скопски таблички кое откако го видело полициското возило почнало да се движи со голема брзина по што возачот избегал...

Во поштата во скопската населба Маџари која се наоѓа на улицата „Благоја Стефковски“ ноќеска е извршенa тешка кражба, при што се одземени сеф и торба со монети.
Полицијата денеска информира дека ноќеска околу 4 часот и 30 минути е забележано возило марка „фиат фиорино пикап“ со скопски таблички кое откако го видело полициското возило почнало да се движи со голема брзина по што возачот избегал.
Во возилото е пронајден сефот и една торба со монети. По преземени мерки констатирано е дека истата вечер на паркинг на булеварот „АВНОЈ” било одземено возилото со кое е извршена кражбата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
