Влада

Владата препорача продавниците, штандовите и киосците да работат за време на новогодишните и божиќните празници

28.12.2023 14:21

Владата, според одлученото на седницата, препорачува, за време на новогодишните и божиќните празници, односно на деновите 31-ви декември 2023 година и 1-ви јануари 2024 година, како и 7-ми јануари и 8-ми јануари 2024 година, да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало...

Владата, според одлученото на седницата, препорачува, за време на новогодишните и божиќните празници, односно на деновите 31-ви декември 2023 година и 1-ви јануари 2024 година, како и 7-ми јануари и 8-ми јануари 2024 година, да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало.

Целта на оваа препорака, како што беше образложено од предлагачот, Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови). Исто така, како што е образложено, за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе придонесат во растот на потрошувачката во државата.