ДЗСИ врши инспекциски надзор во штипската болница
Сè уште се утврдуваат причините за смртта на родилката од Делчево, која по извршениот итен царски рез во штипската клиничка болница и операцијата заради силното крварење, беше донесена на КАРИЛ каде почина по неколку часови. Комисијата во болницата во Штип не констатираше пропусти во лекувањето, а увид во случајот врши и Државниот здравствен и санитарен инспекторат...

Нема пропусти во третманот на родилката од Делчево во болницата во Штип, стои во извештајот на Комисијата за контрола на квалитет и етички прашања при Клиничката болница во Штип. 26 годишната родилка од Делчево за десет минути откако била примена во Одделот за гинекологија и акушерство, колабирала и било направено итно породување.
За случајот се огласи и министерот за здравство.
Инспектор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат денес врши увид во постапката во штипската Клиничка болница по смртта на 26-годишната родилка од Делчево. Првичните информации здравствениот инспекторат ќе ги има во текот на утрешниот ден.
Славица Величковска
