Вработување на неопределено за 1.117 лица во здравствените установи
Над 1.100 кадри од јавното здравството што работеа со договор на определено ќе добијат трајно вработување. Станува збор за медицински сестри, болничари, лаборанти, техничари и друг немедицински персонал...

Медицински сестри, лаборанти, техничари, болничари и друг немедицински персонал како хигиеничари и возачи ќе добијат вработување на неопределено. По долги преговори и протести, Владата прифати да се вработат 1.117 лица кои со години работеа со договор на дело. Сепак, тие нема да бидат трансформирани, туку ќе се објави јавен оглас на кој ќе може да се пријави секој кој ги исполнува условите. Сепак, министерот за здравство Меџити упати апел до менаџерите, предност да им дадат на оние кои веќе работеле во здравствените установи.
Во некои здравствени установи веќе имаше конкурси за вработување. Од Независниот синдикат предупредија дека таму се вработувале луѓе однадвор, а не оние со договор на дело.
Во последниот, на Клиниката за гинекологија, се бара вработување кадар од одредена национална припадност. За премиерот Ковачевски тоа не е спорно бидејќи, вели, така наложува законот за правична застапеност.
Преку јавни настапи и протести, околу 2.000 здравствени установи во изминатиов период алармираа за проблемот, посочувајќи дека со години работат со договор на дело, без здравствено осигурување на најчувствителни позиции, за плата од 20 илјади денари.
Андријана Ѓурческа
