ЕВРОПА
Поплави во Германија и Холандија
28.12.2023 15:03
Високото ниво на реките предизвика поплави во Германија и Холандија. Особено е тешка состојбата во Долна Саксонија...

Високото ниво на реките предизвика поплави во Германија и Холандија. Особено е тешка состојбата во Долна Саксонија. Насипите едвај ја задржуваат водата по изобилните дождови. И натаму се евакуирани стотици домови.
Речиси 1.200 километри во Унгарија се под предупредување за поплави, а реката Дунав ја достигна највисоката точка во Будимпешта.
