Најмалку 4 жртви во експлозија во термоелетраната „Косово А“ кај Приштина

06.06.2014 13:28

Според Б92, полициски извори потврдиле дека има жртви и повредени во експлозијата...

Најмалку 4 лица загинаа, а повеќе од 13 се повредени во силната експлозија која денеска избувна во термоелектраната „Косово А“ во Обилиќ, во близина на Приштина, јавија локалните медиуми. 
 
Според Б92, полициски извори потврдиле дека има жртви и повредени во експлозијата.
 
Екипи пристигнале на местото на несреќата, и неофицијално се дознава дека има најмалку тројца загинати. Приштинскиот весник „Експрес“ пишува дека 11 лица се повредени и пренесени во болницата во Приштина.
 
Моментно се прават напори за спречување на евентуална нова експлозија.
 
До експлозијата, која била почувствувана и во Приштина, дошло во производствениот дел на термоелектраната, а причина за несреќата најверојатно е водородот.