Македонија

Нова стратегија за враќање на довербата во судството

28.12.2023 16:26

Судскиот совет да го провери судијата од Тетово што сам си ги поправал оценките за да се запише на Академијата, апел од министерот Лога. Под лупа ќе биде и обвинителот кој полагал правосуден предвреме. Со нова стратегија ќе се враќа довербата во судството…

Судскиот совет да го провери судијата кој си ги поправал оценките за да има повисок просек неопходен за упис на Академијата, а надлежното тело да го провери и случајот со обвинителот кој полагал правосуден испит предвреме. Ова го изјави министерот за правда Лога откако просветниот инспекторат на барање на Антикорупциска, изврши вонреден инспекциски надзор на правните факултети во земјава.

Академик Камбовски оценува дека правните факултети не продуцираат квалитетен кадар. Потребна е реформа на Академијата, нова развојна стратегија за правосудството.

Ќе има суштинска измена на законите под капата на правосудството. Ќе се усогласат со европските директиви. Со нов текст ќе се регулира кривичната постапка, а нови законски решенија ќе добијат судовите, обвинителствата и двете тела – судскиот и обвинителскиот совет.

Анита Димитријевска – Велковска