Биолошка терапија за онколошките пациенти ќе има, тврди Меџити
Во Градската општа болница „8 Септември“ од Нова година ќе почнат да работат три амбуланти во коишто пациентите ќе можат да примаат цитостатска терапија. Од министерството за здравство уверуваат дека и на Клиниката за онкологија ќе има континуирано биолошка терапија за болните од рак …

Дали по Нова година ќе има биолошка терапија за онколошките пациенти го прашавме министерот Меџити. Тој им порачува да бидат спокојни, да имаат среќни празници. Тврди дека терапија ќе има.
По Нова година, во ГОБ „8 Септември“ ќе почнат да работат три амбуланти во кои онколошките пациенти ќе примаат цитостатика терапија со цел да се намали метежот на Клиниката за онкологија.
Веќе е утврдено кои лекови од цитостатската терапија ќе бидат давани во „8 Септември“. Во болницата има двајца онколози кои ќе го следат лекувањето. За неколку месеци ќе почне да се лекуваат пациенти со радиозрачење, акцелераторот ќе биде пуштен во употреба.
Болницата „8 Септември“ доби систем за навигација на Одделот за оториноларингологија и база на череп, кој е прв ваков апарат во нашата држава и пошироко во регионот, пациентите веќе нема да мора да се праќаат во странство.
Наташа Јанчиќ Менковски
