Јавен сервис

МРТ ги продолжува реформите, модерен изглед на екраните во сечиј дом

28.12.2023 17:58

Македонската телевизија наскоро стартува со нови судија по најнова технологија и по стандардите на европските и светски јавни сервиси...

79 години Македонско радио, 59 години Македонска телевизија. Ви благодариме на довербата што сте со нас низ годините на развој и навремено и професионално информирање.

Македонската Радио-телевизија ги продолжува реформите. Сака да биде во тек со новите европски и светски стандарди кога станува збор за аудиовизуелниот изглед кој треба информацијата уште појасно да ја доближи до гледачите.

Уредникот на информативната програма Стојан Трпчевски е во едно од најмодерните студија на Балканот.