Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Требеништа, Охридско
06.06.2014 12:33
Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска 20 минути по полноќ се случи на магистралниот патен правец Охрид - Кичево, кај селото Требеништа.
Од Секторот за внатрешни работи Охрид е потврдена информацијата со појаснување дека во несреќата учествувало едно патничко моторно возило марка „мерцедес“, додека не се соопштува идентитетот на жртвите во незгодата.
Веднаш по несреќата од страна на увидна екипа и истражен судија извршен е увид на местото и се работи на утврдување на причините за несреќата.