Русија
Лавров: Пропадна стратегијата на западот
28.12.2023 19:22
Тврди дека западот ја менува својата тактика и дека му пропаднала стратегијата да и се нанесе стратешки пораз на Русија.

Создавањето мировна формула за која се залага украинскиот претседател Зеленски е „плод на болна имагинација“ – изјави шефот на руската дипломатија Лавров. Тврди дека западот ја менува својата тактика и дека му пропаднала стратегијата да и се нанесе стратешки пораз на Русија.
„Западот навистина сега ја менува својата тактика, можеби дури и размислува да ја разјасни својата стратегија. Затоа што ако стратешкиот пораз на Рсија е стратегија, простете ја тавтологијата, тогаш оваа стратегија пропадна мизерно. Сите веќе го разбираат ова“, нагласи рускиот шеф на дипломатијата, Сргеј Лавров.
