Европа
Обединето Кралство: Илјадници луѓе без струја по бурата „Герит“
28.12.2023 19:55
Привремено се запрени воздушниот и железничкиот сообраќај...

Бурата „Герит“ што ја зафати Шкотска и делови од северозападна Англија остави хаос по улиците. Илјадници домаќинства се без струја, а околу сто згради се евакуирани поради силните ветришта.
Привремено се запрени воздушниот и железничкиот сообраќај. Во Манчестер прогласена вонредна состојба поради сериозноста на штетите и потенцијалниот ризик за јавната безбедност.
