Растат стравувањата од прелевање на конфликтот
Израелската одбрана предупредува од можно прелевање на конфликтот. Хезболах возврати – не се плашиме од закани...

Се интензивира вкрстениот оган меѓу Израел и проирански Хезболах во Либан. Израелската одбрана предупредува од можно прелевање на конфликтот.
„Не сме заинтересирани за ескалација, но не може да се очекува ниту пак дека нема да се предомислиме и да се надеваме дека тоа нема да се случи. Нашите сили се на готовс“, изјави Питер Лернер, портпарол на израелските одбранбени сили.
Хезболах возврати – не се плашиме од закани.
„Подготвени сме за повеќе секогаш кога е потребно. Не сме заплашени од закани или предупредувања. Нам на терен ни е јасно дека сме дел од оваа битка“, вели Шеик Наим Касем, заменик- лидер на Хезболах.
Додека израелската офанзива се продлабочува, хуманитарната криза во Појасот Газа се влошува. Францускиот претседател Макрон бара итен прекин на огнот.
