Временска прогноза

Релативно топло со мала локална облачност

29.12.2023 08:18

Времето ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност.

Времето ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. 

Минималната температура ќе биде во интервал од-4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до-2, а максималната ќе достигне 10 степени.