Само петтина од Македонците очекуваат 2024 да биде подобра од 2023
Само 20 проценти од граѓаните во Македонија очекуваат 2024 да биде подобра од годинава што изминува. 34 проценти сметаат дека ќе биде полоша, а 40 насто иста...

Само 20 проценти од граѓаните во Македонија очекуваат 2024 да биде подобра од годинава што изминува. 34 проценти сметаат дека ќе биде полоша, а 40 насто иста. Ова го покажува традиционалното глобално истражување на Галуп Интернешенел „Крај на годината“, кое во Македонија го спроведе Галуп, во периодот од први до 22-ри декември, на 1.203 испитаници.
На прашањето дали следната година ќе биде година на економски просперитет, економски потешкотии или ќе остане иста, испитаниците во земјава песимисти. 17 проценти сметаат дека 2024 ќе биде година со економски просперитет, а 42 насто велат дека ќе биде економски тешка година.
