Денеска Судскиот совет ќе одлучува за иницијативата за дисциплинска одговорност на Адеми
Судскиот совет денеска на јавна седница ќе одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми...

Судскиот совет денеска на јавна седница ќе одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.
Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите. Судскиот совет со осум гласа „за“ одлучи да го прифати барањето на судијката.
Обидот за нејзина смена следува по јавниот настап на Адеми, во кој обвини за серија политички притисоци врз Врховниот суд, во однос на постапката за оживување на аболицијата на Иванов.
