Продолжуваат борбите во Појасот Газа
Жртви и повредени по нападите врз бегалските кампови Нусејрат и Магази во централниот дел на Газа...

Продолжува израелската офанзива во Појасот Газа. Жртви и повредени по нападите врз бегалските кампови Нусејрат и Магази во централниот дел на Газа. Израелските одбранбени сили објавија дека нема да преземат ништо против војниците кои на 15-ти декември по грешка убиле тројца израелски заложници.
„Ние сме одговорни за она што се случи. На семејствата им ја презентиравме истрагата и сите наоди што ни беа достапни. Ќе се преиспитаме до крај кога оперативната ситуација ќе го дозволи тоа, но сега ќе продолжиме да се бориме против суровиот непријател Хамас за да ги постигнеме воените цели“, изјави Даниел Хагари, портпарол на Израелската одбрана.
Египет претстави рамковен предлог за завршување на војната во Газа, преку план кој вклучува три фази, изјави шефот на информативната служба на египетскиот претседател Диа Рашван. САД соопштија дека собориле беспилотно летало и противбродска балистичка ракета во јужниот дел на Црвеното Море, кои биле истрелани од јеменските Хути.
