Украина

Руски напади врз Киев, Лавов и Харков

29.12.2023 09:58

Масовни руски ракетни напади врз Киев, Лавов и Харков со ракети и беспилотни летала...

Масовни руски ракетни напади врз Киев, Лавов и Харков со ракети и беспилотни летала. Градоначалникот на украинската престолнина соопшти дека во нападите има повредени.

„Нападнаа станбени згради одново и одново. Погодените ја добиваат сета потребна помош. Нема информации за жртвите“, изјави Максим Козицки, регионална воена управа на Лавов.

Во руски напади, три лица загинаа, а девет се повредени синоќа во Запорожје на југот на Украина.