Свет
Бројот на жители на планетата оваа година се зголемил за 75 милиони
29.12.2023 09:59
Бројот на жители на планетата оваа година се зголемил за 75 милиони, а на Нова година ќе има повеќе од осум милијарди луѓе во светот, покажуваат податоците на американското Биро за цензус...

Бројот на жители на планетата оваа година се зголемил за 75 милиони, а на Нова година ќе има повеќе од осум милијарди луѓе во светот, покажуваат податоците на американското Биро за цензус.
На почетокот на 2024 година се очекува секоја секунда во светот да има 4,3 раѓања и два смртни случаи. Во САД бројот на жители е зголемен за 1,7 милиони.
