ЈП „Македонија пат“

На патниот правец А1 во тунелот кај Катланово сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лената

29.12.2023 10:29

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација...

На патниот правец А1 Велес – Катланово, во тунелот Катланово денеска ќе се изведуваат градежни работи на пат и сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, известуваат од ЈП „Македонија пат“.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење, приспособување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената патна сигнализација.