ЈСП

Автобусите на ЈСП на 31 декември и 1 јануари ќе возат по неделен возен ред

29.12.2023 11:26

Во недела, на 31 декември и понеделник, на 1 јануари, билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат...

Во недела, на 31 декември годинава, и понеделник, на 1 јануари 2024 година, јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, при што на 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред, информираат од МВР.

Од вторник, 2 јануари, јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Во недела, на 31 декември, и понеделник, на 1 јануари, билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.

Од вторник, тие ќе продолжат со вообичаено работно време.

Жичарницата, на 31 декември, ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот.

Во прилог го објавуваме распоред на првите вклучувања на сите линии (градски и приградски) на 1 јануари.