Ветеровски: Високата усогласеност во поглавјето Царинска унија значи побрз транспорт и пристап до европските фондови
Во изминатите десет години се искористени околу 35 милиони евра за проекти што овозможија забрзан транспорт и трговија, а со средства од ЕУ, ќе се отворат и два нови гранични премини.

Високата усогласеност со законодавството на ЕУ, овозможува пристап до европските претпристапни фондови за развојни проекти. Во изминатите десет години се искористени околу 35 милиони евра за проекти што овозможија забрзан транспорт и трговија, а со средства од ЕУ, ќе се отворат и два нови гранични премини. Високата усогласеност на законодавството е нотирана и во делот на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за поглавјето Царинска унија со коешто раководи Царинската управа. Поглавјето за Царинската унија е едно од клучните во процесот на преговори, бидејќи го опфаќа процесот на слободно движење на стоки и размената којашто треба да се случи со земјите членки на Европската Унија. Ова го нагласи помошник директорот на Царинска управа, Златко Ветеровски во интервју за Рацин.мк.
Процесот на реформи и адаптирање значи многу за нас како држава, како за економските оператори, така и за граѓаните, бидејќи колку поблиску сме усогласени со европското законодавство и кон процесот на реформи, толку се поголеми погодностите за македонските компании. Ова, со оглед на тоа што 65 проценти од вкупната надворешна трговска размена се случува со земјите членки на Европската Унија и од таму е за нас клучно да имаме што повисок степен на усогласување и што подобро применување на тие практики.
Во делот на висината на царинските стапки, Ветеровски потенцира дека имаме 100% усогласување со комбинираната номенклатура на ЕУ, меѓутоа како што додава, „во процесот на приговори ние ќе мора да ги прифатиме царинските стапки во висина коишто се еднакви со оние на Европската Унија“, стои во соопштението до Царина.
