Армија

Примени нови војници во армијата

29.12.2023 13:27

Во касарната „Илинден“, свеченост за прием на нови 150 професионални војници во македонската армија. На конкурсот беа пријавени над 1.100 кандидати....

Професионален војник станува атрактивна професија. Љубовта кон татковината, подобри услови за работа, плата и можност да се пријавуваат без доброволен воен рок, е причината што младите до 25 години се пријавуваат за служба во армијата.

Новите 150 професионални војници се избрани меѓу над 1.000 кандидати. Со ова се подмладува составот на армијата. Договори за вработување им врачи министерката за одбрана.

Во 2023-та беа примени нови 300 професионални војници. Веќе во јануари ќе се распише нов конкурс за професионални војници пред да стапи техничката влада.

И наредната година, армијата ќе посетува средни училишта за промоција на професијата професионален војник.

 

Ирина Гелевска