Судски совет

Дисциплинска постапка за судијката Беса Адеми

29.12.2023 13:32

Адеми, која по функција е член на Советот, посочи дека мисијата за оценување на Брисел укажала дека таа, како и министерот за правда, не треба да учествуваат на седниците на Советот за да се овозможи независност на судството...

Јавна седница во Судскиот совет за утврдување дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, поради тоа што отсуствувала од дваесет и една седница на Советот. Адеми, која по функција е член на Советот, посочи дека мисијата за оценување на Брисел укажала дека таа, како и министерот за правда, не треба да учествуваат на седниците на Советот за да се овозможи независност на судството. Адеми самата побара јавност, откако претходно, во интервју посочи дека Врховниот суд се соочува со притисоци и закани. Известува Марина Стојанова-Тонева.