Тензија и нервозни граѓани пред единствениот пункт во главниот град за промена на лични документи
И ова утро пред пунктот кај полициската станица пролет осамна со редици револтирани граѓани. Дел од граѓаните револтирано си заминуваа, велејќи дека не можат повеќе да чекаат.

И крајот на годината одбележан со метеж, турканици, тензија и нервозни граѓани пред единствениот пункт во главниот град за промена на личните документи без закажување.
И ова утро пред пунктот кај полициската станица пролет осамна со редици револтирани граѓани. Дел од нив велат дека чекаат со часови, од рано изутрина, а дел и со денови.
Дел од граѓаните револтирано си заминуваа, велејќи дека не можат повеќе да чекаат.
Или чекање пред полициската станица пролет или термин за промена на документи на лето, се двете опции кои засега им се нудат на граѓаните. Заклучно со 25-ти декември, променети се еден ипол милион патни исправи, речиси милион лични карти и половина милион возачки дозволи.
Марија Котовска
