„Гласен Текстилец“ бара Владата да ја повлече препораката за работа за празниците
„Гласен Текстилец“ со повик до Владата да ја повлече препораката за работа на продавници, киосци и штандови за празниците. Оттаму сметаат дека се кршат работничките права. Премиерот Ковачевски објаснува – тоа го бараа трговците, работниците ќе бидат платени…

Продавници, киосци и штандови може да работат за време на новогодишните и божиќните празници – препорача Владата до работодавците. Од „Гласен Текстилец“ сметаат дека со ова се кршат работничките права и апелираат да се повлече одлуката која е во интерес на работодавците, но не и на работниците.
Граѓаните со свој став за празничното работно време на трговците. Премиерот не гледа проблем во работата на празници.
Препорака на Владата е работни да се 31-ви декември, 1-ви, 7-ми и 8-ми јануари.
Славица Величковска
