Граѓаните песимисти за новата година
Само петина од Македонците очекуваат 2024-та да биде подобра од годинава што ја оставаме зад нас. Традиционалната анкета на „Галуп интернешнл“ го отслика песимизмот на граѓаните …

На прашањето „Дали следната година ќе биде година на економски просперитет?“, испитаниците покажуваат видлив песимизам и се под светскиот просек. Само 17% сметаат дека 2024-та ќе биде година со економски просперитет, 42% очекуваат тешкотии. Само една петина од граѓаните очекуваат новата година да биде подобра од 2023-та.
Од регионов, најголеми оптимисти се граѓаните на Косово и Албанија. Имајќи ги предвид светските кризи, истражувањето на „Галуп“ покажува дека мнозинството граѓани очекуваат проблематична, а не, мирна 2024-та година.
Осум од десет граѓани низ сите континенти стравуваат од потенцијална нуклеарна војна, кои ризикот го проценуваат како „умерен“ или „висок“. Во традиционалното глобално истражување биле интервјуирани близу 41.000 лица во 41 земја.
Кај нас, анкетата ја спровела „Брима“ од 1-ви до 22-ри декември на 1.203 испитаници.
Александра Велинова
