Временска прогноза
Облачно и претежно тивко време
30.12.2023 08:00
Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе ослаби...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе ослаби. Утринската температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а дневната од 7 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, од наутро магливо и преку денот тивко.
