регион
На 35 избирачки места во Србија повторно гласање за вонредните парламентарни избори
30.12.2023 09:55
Ќе се гласа и на три избирачки места за градското собрание на Белград...

На 35 избирачки места во Србија се повторува гласањето за вонредните парламентарни избори, кои се одржаа на 17-ти декември. Ќе се гласа и на три избирачки места за градското собрание на Белград. Коалицијата „Србија против насилство“ најави бојкот, бидејќи не сака да учествува во продолжувањето на „изборниот фалсификат“.
Тие од 18-ти декември организираат протести со барање за поништување на изборите поради нерегуларности и нарушување на изборната волја на граѓаните.
