Најжесток руски воздушен напад врз Украина од почетокот на војната
Училишта, породилиште, трговски центри и станбени згради се меѓу погодените објекти-тврди Киев...

Најжесток руски воздушен напад врз Украина од почетокот на војната. Загинаа најмалку 30 луѓе, а стотици се ранети. Училишта, породилиште, трговски центри и станбени згради се меѓу погодените објекти-тврди Киев. „Не удрија со речиси сè што имаат во својот арсенал“-изјави претседателот Зеленски.
„Кога удри гранатата, се засолнивме во аголот. Сопругата и детето беа преплашени. Им ги покрив ушите. Летаа парчиња насекаде, тука, таму“, изјави локален жител на Дњепар.
Руските власти тврдат дека цел на нападите биле единствено воени објекти.
„Извршивме 50 групни и еден масовен напад врз воено-индустриски објекти, воздушни бази, арсенали и складишта со муниција. Погодени се локации на украинските вооружени сили, националистичките формации и странските платеници“, изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.
Нападите за време на кои руска ракета помина низ воздушниот простор на Полска, предизвикаа меѓународна осуда и нови ветувања за воена поддршка на Украина.
