Штип

2023-та е најубавата година за родителите на штипската четворка

30.12.2023 12:05

Годината која изминува не можеше да биде подобра за Александар и Благица Зикови од Штип. Пред околу два месеци им се родија четири бебиња кои им го исполнија и домот и срцата со среќа. По 26 години ова е втора четворка во Штип …

Божји благослов и долгоочекувани се нашите четири бебиња Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина, велат родителите на штипската четворка, Благица и Александар Зикови. Зачнати „ин витро“ во клиника во Турција, на свет дојдоа во Клиниката за акушерство во Скопје. Се родија во 31 недела.

Малку е напорно со четири бебиња, велат родителите, но нивните насмевки ни се најголема награда.

Општина Штип на родителите на четворката им додели плац за изградба на куќа во централното подрачје, а ќе бидат ослободени и од комуналии за изградба. Градоначалникот вети бесплатна градинка за децата, а подароци за бебињата обезбедија и неколку компании. По 26 години, ова е втора штипска четворка.

 

Славица Величковска