Речиси 70 тони злато се „кријат“ во Иловица

06.06.2014 16:19

Проектот Иловица ќе има годишен капацитет од 10 милиони тони руда со годишно производство од 2,7 тони злато и 16.000 тони бакар...

Во 2016-та да почне да се гради, а во 2017-та да стартувува ископувањето на злато и бакар од рудникот Иловица. Предфизибилити студијата, го потврдила економскиот потенцијал на овој проект.

Резервите на злато се проценуваат на 69,5 тони злато и 411 илјади тони бакар. Проектот Иловица ќе има годишен капацитет од 10 милиони тони руда со годишно производство од 2,7 тони злато и 16.000 тони бакар.

Со вакво темпо на ископување предвидувањата се дека животниот век на рудникот би траел 23 години.

Висината на инвестицијата, според информацијата од Еурмакс ресурси, би изнесувала 500 милиони долари и ќе донесе нови 400 вработувања.