Македонија

Прилепското стопанство се опоравува од кризите

30.12.2023 13:09

Прилепското стопанство, главно, смета дека ги надминува кризите. Во новата година најбитно е целосно надминување на кризните ситуации, одржување на квалитетот поради конкурентност, а недостигот од работна сила е задача за повисока продуктивност и преструктурирање во вреднувањето на трудот …

Прилепското стопанство смета дека, главно, ги надмина кризните ситуации, особено истакнати во првото полугодие од 2023-та година. Фокусот на стопанствениците за 2024 година е стабилизирањето на пазарот, на пласманот, и надминување на проблемот со недостиг од работна сила.

Долгогодишното неиздавање дозволи за градба остави големи последици во градежниот сектор. Проблем се и недонесените нови детални урбанистички планови.

Во 2024-та година битно е надминувањето на енергетската криза, ако може замена со зелената енергија и одржување на квалитетот на производите за македонските извозни компании да одржат конкурентност на пазарот.

Бизнис секторот е свесен дека треба да се носи и со изборната година која не смее да ги забави стопанските процеси.

 

Елизабета Митреска