Влада
Премиерот Ковачевски упати новогодишна честитка до македонските граѓани во земјава и во светот
30.12.2023 12:15
Ковачевски оптимист за наредната година, ветува раст на платите и пензиите, и подобар животен стандард за граѓаните...

Иако годината што измина не беше воопшто лесна, вели премиерот, тој е оптимист и се надева на подобар живот во годината што следува. Ветува раст на платите и на пензиите, подобар животен стандард за фирмите и за семејствата. Најавува и дека Македонија ќе се преобрази во зелен енергетски центар на Европа, но и дека мора да се вложува во младите за да не заминуваат оддома.
Ковачевски во честитката вели дека за земјава останува големата награда, членство во Европската унија.
