Збратимени градови: Поврзувањето треба да се развива
Скопје во наредните два дена ќе биде домаќин на првата балканска конференција на збратимени градови...

Ова се првите македонски ученици кои во далечната 1972 година трнаа на пат за Америка. Градот Темпи во Аризона беше нивна прва дестинација. Тогашните средношколци возбудени заминаа на студентска размена за да го почуствуваат американскиот сон. Подоцна и американските за прв пат го посетија Скопје. По 4 децении се сретнаа старите пријатели од двете држави.
„Ние развивме едно пријателство кое трае веќе 42 години... Се немаме видено долго време, но чувствувам како времето воопшто да не поминало“, сведочат пријателите од двете држави.
Повеќе од 300 ученици поминаа низ програмата за студентска размена. После ова Скопје и Темпи се збратимени градови повеќе од 40 години.
„На глобално ниво, чинот на збратимување на Скопје и Темпи претставува историски пресврт во односите помеѓу истокот и западот“, изјави градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.
Скопје во наредните два дена ќе биде домаќин на првата балканска конференција на збратимени градови, како пример и потврда дека поврзувањето треба да продолжи и да се развива.
Викторија Тодоровска
