Тетово

Словенечка компанија ќе го менаџира отпадот во Тетово

30.12.2023 14:58

Во новата 2024 година тетовци повеќе нема да ги гледаат лошите слики од купишта смет покрај контејнерите оти со комуналниот отпад ќе менаџира словенечка компанија. Ова е едно од ветувањата на локалните власти кои најавуваат и подобрување на состојбата со водоснабдувањето. Граѓаните со песимизам кон ветувањата на локалната самоуправа …

Илјадници тони отпад низ градот, комунален смет кои со денови не се подига, незадоволни работници без плати, штрајкови во кругот на Јавното комунално претпријатие, рестрикции во водоснабдувањето. Ова се сликите во изминатава 2023 година. Граѓаните не се надеваат на подобра хигиена во градот за наредната година и покрај најавите на властите дека словенечка компанија ќе го менаџира сметот.

Градоначалникот Билал Касами уверува дека од 1-ви јануари словенечката компанија ќе стартува со работа, веќе се донесени нови контејнери и камиони. Тој најавува и подобрување на состојбата со водоснабдувањето

Словенечката компанија ќе треба само да го подига и транспортира сметот до депонијата Русино, останатите комунални услуги ќе ги врши ЈКП Тетово.

 

Зоран Димовски