МЗШВ

Конкурс за нови 355 вработувања распиша државното претпријатие „Национални шуми“

30.12.2023 16:56

Пред формирањето на техничката влада и ова претпријатие бара Албанец...

Конкурс за нови 355 вработувања распиша државното претпријатие „Национални шуми“. Пред формирањето на техничката влада и ова претпријатие бара Албанец. Неодамна голем револт во јавноста предизвика оглас за вработување на Клиниката за гинекологија, за кој се бараше исто така по етничка припадност. Според власта огласите се според закон.

Опозицијата реагира дека во пресрет на изборите напролет има масовни вработувања во ЕСМ, во МВР и во други јавни претпријатија.